Дома Фудбал „Моите пријатели по цел ден работеа и без пари беа среќни, а јас се прашував што е проблемот со мене“

„Моите пријатели по цел ден работеа и без пари беа среќни, а јас се прашував што е проблемот со мене“

Интервјуто на фудбалерот на Еспањол, Сержи Дардер привлече внимание.

Во разговор со новинарот Сид Лоу од ЕСПН, Шпанецот зборуваше за неговите проблеми со менталното здравје. Дардер во еден момент не бил среќен, иако имал се што посакува.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Се помирив дека нешто не е во ред со мене во 2020 година. Не сакам да кажам дека тоа беше депресија бидејќи има луѓе со поголеми проблеми. Сепак, ми беше потребна помош. Имав се што посакував куќа, автомобил, семејство, деца, играв професионално фудбал…Но, не бев среќен“.

„Моите пријатели работеа по цел ден и немаа пари, а беа посреќни од мене. Се прашував во што е проблемот. Цела година мајка ми и сопругата ме убедуваа да побарам стручна помош и да не се затварам во себе. Тешко ми беше да прифатам дека помошта ми е потребна. Меѓутоа кога изгубив желба да тренирам сфатив дека немам друг избор“.

„Побарав помош од психолог и така повторно го ставив својот живот во ред. Денес, можам да кажам дека повторно уживам во фудбалот“, раскажа Дардер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…