Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике ја отфрли можноста еден ден да се врати во Манчестер Јунајтед, пренесуваат британските медиуми.
Пике во 2004 година пристигна во Манчестер Јунајтед, откако ја помина младинската школа во Барселона, но не успеа да се избори за место во првиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Една година помина на позајмица во Сарагоса, а во 2008 година се врати во Барселона. Веднаш се наметна како еден од најважните фудбалери во тимот на Каталонците и до денес освои 7 титули во Примера и 3 во Лигата на шампиони. Притоа со шпанската репрезентација го освои Европското и Светското првенство.
Пике во интервју за англиските медиуми беше запрашан дали ќе се врати на Островот.
„Не верувам, среќен сум овде. Барсеона е мојот дом, а играм за клубот за кој што сум сонувал уште од дете. Се надевам дека уште долго ќе бидат овде и ќе освојам уште многу трофеи“, изјави Пике, а потоа даде коментар на Премиер лигата.
„Мислам дека Клоп врши одлична работа во Ливерпул. Имаат одличен тим и ќе бидат вистински конкурент за Сити. Мислам дека ќе биде многу возбудливо до самиот крај бидејќи и Сити има навистина одлични играчи“, изјави Пике.