Дома Фудбал Лига на шампиони Можно ли е „Дежа ву“? – ПСЖ пред 25 години беше во иста ситуација, па успеа да фрли „кралот“ на колена

Можно ли е „Дежа ву“? – ПСЖ пред 25 години беше во иста ситуација, па успеа да фрли „кралот“ на колена

real

Може ли и историјата да се повтори?

Реал Мадрид во вчерашниот натпревар го победи Пари Сен Жермен со 3:1. Токму вакво нешто им се случи на „светците“ пред 25 години во ¼  финалето од УЕФА купот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кралевите“ како и вчера на домашен терен славеа со головите на Бутрањего во 30 минута, Заморано во 36 минута и Миахел во 89 минути, додека за гостите единствениот гол го постигна Давид Гинол во 47 минута.

Шпанскиот гигант тогаш себе си гледаше во полуфиналето од натпреварувањето. Меѓутоа на „Паркот на принцовите“ ги дочека непријатно изненадување. Џорџ Веа погоди за водство на ПСЖ, Гинол зголеми на 2:0 во 80 минута, Валдо Филиго седум минути подоцна погоди за 3:0.

Сепак, Заморано во судиското продолжение успеа да постигне гол за 3:1 и со тоа да го спаси својот тим, но само на кратко. Анонио Комбауаре во 96 минута погодува за 4:1 и така ги фрли „кралевите“ на колена.

ПСЖ успеа со вкупни 5:4 да помине во следната фаза, а во полуфиналето беше елиминиран од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…