Лео Меси не се откажува од намерата да замине од Барселона иако клубот не сака да го пушти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот силно сака да замине, а вчерашните преговори не донесоа ништо ново, но се очекува денеска да бидат продолжени.
TyC Sports објави дека постои огромна можност Лео Меси да ја одигра и наредната сезона во дресот на Барселона и на крајот да замине како слободен играч од клубот.
Сепак, таквата опција сигурно нема да го задоволи клубот, а британски Телеграф има информации според кои Меси сепак ќе замине.
Наводно, може да дојде до компромис од двете страни. На Меси ќе му биде дозволено да замине од клубот, а поставена е цела од “само“ 100 милиони евра.
Тоа нормално е одлична прилика за сите клубови кои сакаат да го донесат во своите редови. Моменталната целан од 700 милиони евра е секако преголема и невозможна за било кој, а новата би го зголемила бројот на клубови кои можат да го ангажираат.
Продолжување на преговорите за заминување на аргентинската ѕвезда се закажани за денеска и ќе видиме дали навистина ќе дојде до компромис.