Дома Фудбал Лига на шампиони Може ли Реал Мадрид да го елиминира ПСЖ?

Може ли Реал Мадрид да го елиминира ПСЖ?

real

Се добива впечаток дека фудбалерите на Реал бегаат од улогата фаворит, иако се свесни дека ова е последна прилика за спас на сезоната.

Реал Мадрид ја брани титулата шампион на Европа, освои три од последните четири трофеи во најелитното европско натпреварување.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Кралевите“ за пласман во следната фаза овој пат можеби повеќе од било кога ќе зависат од одбраната, со оглед на пеколниот напад кој го има Пари Сен Жермен – Мбапе, Едисон Кавани и Килијан Мбапе. ПСЖ во групната фаза постигна 25 погодоци.

Дефанзивецот на „лос блаконси“, Рафаел Варан смета дека неговата екипа мора добро да се брани.

„Тие како и ние имаат фудбалери кои можат да направат разлика во клучните моменти. Мораме да се браниме сите заедно, целата екипа. Мораме да бидеме сконцентрирани. Заедно можеме да го сопреме Пари Сен Жермен“, изјави Варан.

„ПСЖ е добар тим, но не само поради напаѓачите. Нема да играме само против тројца, туку и против еден од најдобрите голмани и против најдобрите дефанзивци“, изјави Тони Крос.

„Натпреварот против Пари Сен Жермен може да ја одлучи целата сезона“, изјави Роналдо.

Реал Мадрид и ПСЖ својот натпревар го играат утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …