Дома Топ вести Можен ли е пресврт? Барса и Меси преговарале во два часот по полноќ!

Можен ли е пресврт? Барса и Меси преговарале во два часот по полноќ!

Лионел Меси е слободен фудбалер откако му истече договорот со Барселона, а Аргентинецот на прес-конференција и се збогуваше со Каталонците.

Барселона соопшти дека не може да го регистрира Меси поради финансиските проблеми. Веднаш потоа на големо почна да се најавува негов трансфер во ПСЖ. Меѓутоа можен ли е пресврт?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанската „Ла Портериа ТВ“ излезе со информација дека Меси и Барселона изминатата ноќ во два часот имале состанок.

Се пренесува дека ова е не значи дека Меси ќе остане, но Барселона изгледа ги прави последните напори за пресврт во целата ситуација. Истата информација доби на значење кога беше пренесена и од познатата „Кадена Сер“. Наводно, Барселона пронашла некој начин и сега во исто време се преговара и со Меси, но се во комуникација и со Ла Лига.

За текот на денешниот ден најавени се нови преговори, останува да видиме…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …