Дома Фудбал Модриќ со емотивна порака со прости од Касемиро: Се сеќавам на твоето деби, колку беше нервозен…

Модриќ со емотивна порака со прости од Касемиро: Се сеќавам на твоето деби, колку беше нервозен…

После 10 години во Реал Мадрид, Бразилецот Касемиро се одлучи за нов предизвик во кариерата и негова нова дестинација ќе биде Премиер лигата каде што ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Реал Мадрид вчера го потврди трансферот на Касемиро, па од Бразилецот се простуваат актуелните соиграчи. Емотивна порака до Касемиро испрати и неговиот долгогодишен партнер од средниот ред во Мадрид, Лука Модриќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Драг Касе, сеуште се сеќавам на твоето деби за нашиот клуб. Колку беше нервозен. Ти говорев да се смириш, а сега кога размислувам за тоа сфаќам како заврши приказната која започна така. Што се освои и оствари! Твојата прва сезона во Реал беше и моја и никој од нас не можеше да помисли што ќе ни донесе фудбалот.

Стана прав лидер. Секогаш беше тука за соиграчите и Реал Мадрид. Секогаш ќе се сеќавме на тоа. Заедно освоивме многу трофеи, но мене ми се најважни заедничките моменти зад камерите, тие кои никој не ги знае. Тоа што го доживуваме секој ден на тренинг кампот Валдебебас. Посебно шалите бидејќи секогаш беше расположен, дури и во стресните ситуации и при неуспех.

Смеењето со тебе ни носеше душевен мир. Самата помислам дека ќе се свртам и ќе те викам тебе и ќе слушнам „Него, него“. Беше најдобриот телохранител на светот. Ќе ми недостасуваш, но ти посакувам се најдобро. Човек и професионалец како тебе тоа го заслужува. Пријателу, фала ти на се и среќно“, стои во писмото објавено од „Марка“.

Манчестер Јунајтед за Касемиро на Реал Мадрид ќе му плати сума од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …