Дома Фудбал Модриќ: Се чуствувам како да имам 27 години!

Модриќ: Се чуствувам како да имам 27 години!

Реал Мадрид синоќа ја победи Аталанта и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лука Модриќ уште еднаш одигра маестрален натпревар, а после мечот доби пофалби од тренерот Зинедин Зидан.

„Сите знаеме колку добар играч е. Има 35 година, а тоа не се забележува никаде на теренот. Лука и Тони Крос беа феноменални како тандем на средината“, истакна Зидан.

Самиот Модриќ потврди дека се чуствува одлично, како да има 27 години.

„Имам 35 години, ама се чувствувам како да сум на 27. Се чувствувам одлично. Годините не играат улога и не ги гледам, важно е колку ќе дадеш на теренот. А, јас се уште сум гладен за успеси, гладен сум да играм на врвно ниво и затоа прекрасно се чувствувам“, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит сцена на Мундијалот: Му помагаше на противникот, а кога виде дека може да даде гол – го остави! (Видео)

На мечот од Мундијалот меѓу Уругвај и Зелено’ртските Острови кој заврши 2:2, но она …