Дома Фудбал Модриќ се огласи за својата иднина во Реал Мадрид

Модриќ се огласи за својата иднина во Реал Мадрид

Хрватскиот капитен Лука Модриќ беше главната ѕвезда на 13-тото издание на „Шарџа, Рамазан Меџлис“, симпозиум на водечки арапски меѓукултурни уметнички и спортски работници кој се одржа во Обединеитте Арапски Емирати.

Модриќ се појави во сесијата насловена „Фудбалски вештини: Воспоставување и развоја во која Хрватот зборуваше за љубовта кон фудбалот и тоа како успеал да се одржи на највисоко ниво во изминатите години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зборуваше Модриќ и за својата иднина истакнувајќи дека се уште не е сигурен дали ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид.

„Не знам дали ќе го продолжам договорот со Реал Мадрид. Во овој момент нема подобар од Реал Мадрид, сите се под нас, ќе видиме што ќе се случува. Хала Мадрид“, изјави Модриќ.

За Реал Мадрид Модриќ настапува од 2012 година и освои дури 23 трофеи, пет беа во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…