Дома Фудбал Модриќ прифатил двојно пониска плата

Модриќ прифатил двојно пониска плата

Лука Модриќ денес и официјално потпиша нов договор со Реал Мадрид и ќе остане во клубот уште најмалку една година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ следната година ќе има улога на резервист, затоа што Карло Анчелоти ќе смета на младите играчи како Камавинга, Белингам, Валверде и Чуамени.

Според веб страницата „Capology“ која се занимава со заработката на спортистите платата на Модриќ е намалена за дури 52%. Во претходните пет години Модриќ заработуваше 21.8 милион евра, а во сезоната која следи ќе игра за 10.4 милиони долари.

Модриќ имаше богати понуди од Саудиска Арабија, но ги одби бидејќи негова желба е кариерата да ја заврши во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…