Лука Модриќ иако веќе има 35 години се уште игра во врвна форма и е еден од најдобрите поединци во тимот на Зидан.
Хрватскиот плејмејкер откри дека преговорите за продолжување на соработката со Реал течат добри и очекува и следната сезона да игра на „Сантиаго Бернабеу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Разговорите за мојот договор се одвиваат добро, но не може да кажам ништо повеќе од тоа. Тука сум многу среќен и очекувам да продолжам да играм и следната сезона“, Модриќ.
Договорот на Модриќ истекува на крајот на сезоната, но тој прифати значително намалување на платата за да остане на „Сантиаго Бернабеу“.