Лука Модриќ се уште не настапил во првиот тим на Реал оваа сезона, но Хрватот нема причина за грижа, подоцна се приклучи на тимот, па Лопатеги постепено ќе го воведува во игра.
Хрватот после освојувањето на наградата за најдобар играч на Светското првенство во Русија, вчера беше прогласен и за најдобар играч во Европа за минатата сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Пресреќен сум и многу задоволен што успеав да ја добијам таа престижна награда. Благодарен сум на сите што гласаа за мене. Ова е мојата најдобра година во кариерата, како колективно така и индивидуално. Треба да продолжам во ваков ритам“, изјави Модриќ.
Модриќ наградата ја освои со 313 гласови, 90 повеќе во однос на неговиот поранешен соиграч, Кристиано Роналдо кој не се појави на церемонија.
Сепак, играчот за врска не е изнанден од што Португалецот не се појавил.
„Не, не сум изненаден што не присуствуваше. Жал ми е што немавме прилика да се видиме, сигурен сум дека Кристиано имал некаква причина. Сакав да се видиме, но бидејќи не се појави, се надевам дека ќе имаме прилика да се видиме некаде на друго место“, истакна официјално најдобриот играч во Европа за минатата сезона.