Дома Топ вести Модриќ може да го напушти Реал и да остане во Шпанија

Модриќ може да го напушти Реал и да остане во Шпанија

Лука Модриќ има повеќе опции за продолжување на кариерата ако се потврдат најавите дека ќе го напушти кралскиот клуб ова лето.

Модриќ го носи дресот на Реал Мадрид 12 години и оваа година може да биде негова последна. Најмногу Хрватот се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија и МЛС лигата, но изгледа ќе има опции и да остане во европскиот фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Сосиедад и Бетис, кои во последните години играат во европските купови, покажуваат сериозен интерес за Модриќ.

Не е тајна дека Хрватот и неговото семејство сакаат да останат во Шпанија, па овие понуди се прифатливи за Модриќ, но тој се уште ја нема донесено конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…