Дома Фудбал Репрезентации Модриќ ги израдува Хрватите: Ќе бидам тука додека сум потребен!

Модриќ ги израдува Хрватите: Ќе бидам тука додека сум потребен!

Лука Модриќ ја предводеше Хрватска на гостувањето кај Португалија во пријателскиот натпревар (1:1).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Златко Далиќ го замени на почетокот на вториот дел, а португалската публика го испрати со аплаузи.

После натпреварот, Модриќ доби прашање за простување од репрезентацијата…

„Искрено, не сум размислувал. Имам многу мотиви за играње за репрезентацијата, секогаш зборував дека ќе бидам тука додека сум потребен и додека можам да играм, а благодарение на Бог се уште можам“, изјави Модриќ.

Како што стојат работите Хрватска и во иднина ќе ја предводи Модриќ.

„Не гледам причина да се простам и покрај тоа што остваривме голем резултат во Русија. Мислам дека можам да и помогнам на репрезентација кога ќе почустувам дека не можам, сам ќе го кажам тоа“, откри играчот за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гвардиола прашан за клучниот настан при ремито на Сити. Погледнете ја неговата реакција.

МАНЧЕСТЕР СИТИ и ЕВЕРТОН одиграа 3:3 на натпреварот во 35. коло на Премиер лигата на стади…