Англискиот судија, Мајкл Оливер е познат по тоа што често во црно може да ги стави навивачите на Арсенал, но синоќа ја донесе една од најконтроверзните одлуки во историјата на Лигата на Шампионите.
Во последните секунди од судиското продолжение свиреше приличнo сомнителен пенал за Реал, благодарение на што Шпанците по осми пат во низа се пласираа во полуфиналето од Лигата на Шампионите. Лутите играчи на Јуве го нападнаа Оливер, па Буфон беше „награден“ со црвен картон, а одлуката на Оливер е главна тема во спортскиот свет. Се прегледуваат снимките, се анализира стартот на Бенатиа над Васкез и се анализира мислењето дали Оливер сепак премногу строго ја досуди најстрогата казна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, треба да бидеме реални и да признаеме дека на снимките јасно се гледа дека стоперот на Јувентус во еден момент не играше на топката и дека контактот дефинитивно постоеше. Сите снимки од натпреварот во главно се од исти агол, оној пред Васкез и Бенатиа, а многу добра фотографија објави шпанскиот весник „Марка“ на својата денешна насловна страница со наслов „Беше пенал!“.
„Марка“ е весник кој е отворен кон Реал, но на фотографијаа се гледа дека Бенатиа го турка Васкес одзади. Дали е доволно за пенал – тоа го оставаме за експертите…