Дома Фудбал Италија Многумина заборавија на оваа опција: Што ако Игуаин се врати во Јувентус?

Многумина заборавија на оваа опција: Што ако Игуаин се врати во Јувентус?

higuain

Медиумите во Италија и денес пишуваат за реакцијата на Гонзало Игуаин – што ако се врати во Јувентус?

После се што се случи во дербито, Гонзало Игуаин изјави дека нема ништо против Јувентус и дека нема лоши емоции кон клубот за кој настапуваше.
Всушност, тој би можел и да се врати во Торино.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Милан нема обврска да го откупи, па „Пипита“ повторно би можел да стане член на „старата дама“.

Навивачите на Јувентус не му замеруваат на Игуаин, дури многумина од нив сметаат и дека не требаше да биде продаден, а го охрабруваа и после дербито.

Меѓутоа, низ италијанските медиуми се појави и вест дека Игуаин им се пожалил дека во Милан се чуствува помалку заштитен од судиите што предизвика многу полемика.

Некои ќе кажат дека е лицемерено, но прашање е дали овие информации се точни, но во случај денес би требало да биде казната за Игуаин, а во Милан се надеваат дека ќе пропушти само еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси се сврте кон камерата и испрати важна порака🎥

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето кај Монтреал во меч од МЛС шампионатот и на тој …