Дома Фудбал Многумина беа изненадени кога Барса го доведе, а сега Каталонците му спремаат нов договор

Многумина беа изненадени кога Барса го доведе, а сега Каталонците му спремаат нов договор

Управата на Барселона ќе го награди Артуро Видал со нов договор, јавуваат шпанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кога Чилеанецот потпиша за Барселона многумина беа изненадени се прашуваа дали воопшто е потребен. Едно период добиваше и критики се шпекулираше дека ќе замине, но сега работите се променети и Видал стана еден од по стандардните играчи кај Валверде.

Видал денес е лидер во соблекувалната и соиграчите го обожаваат поради атмосферата која ја прави, но факт и дека со својот карактер е од голема помош кога е на теренот. Поради тоа со текот на времето стана и еден од милениците на Валверде и тоа доведува до – обновување на договорот.

Во својот договор кој важи до 2021 година Видал има опција да го продолжи на уште една сезона, а шпански „Спорт“ пишува дека Каталонците сакаат тоа да го искористат и да го наградат за начинот на кој се интегрираше во новата екипа.

„Еден од големите квалитети на Видал е што дава се од себе и што се труди повеќе од останатите“, изјави неодамна тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Оваа сезона Видал за Барселона одигра 29 натпревари во првенството и постигна два погодоци, а на своето конто додаде и пет асистенции.

Ќе потсетиме, пред да дојде во Барселона играше за Баерн, Јувентус, Баер Леверкузен и матичниот Коло Коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …