Дома Фудбал Лига на шампиони Младинците на Тотенхем и Звезда одиграа натпревар со 11 гола!

Младинците на Тотенхем и Звезда одиграа натпревар со 11 гола!

На натпреварот помеѓу Тотенхем и Црвена Звезда во младинската Лига на шампиони беа видени дури 11 погодоци.

Само три минути му беа потребни на Тотенхем да поведе во натпреварот со Звезда, а голот го постигна Бенет.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во 30-тата и 32-та минута Парот постигнува голови за предност од 3:0, а во завршницата од првиот дел гостите од Белград преку Бурмаз намалија на 3:1.

Во продолжение видовме дури седум гола. Робсон постигнува гол за 4:1 во 49-та, а Пантовиќ минута подоцна стрела за 4:2.

Потоа следуваше 5:0 серија на Спарси во последните 15-тина минути. Парот стигна до хет-трик, па гол постигна Етете, Парот стигна и до чтири гола, додека Вајт и Магхома ги поставвија конечните 9:2.

Спарсите со четири бода се на врвот од групата Б, колку што има и Баерн, Звезда има четири, а Олимпијакос еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Многу имиња се споменуваат за менаџерската позиција во Челси, но кои се фаворити

Откако вчера раководството на Челси донесе одлука да се раздели со деветтиот менаџер за по…