Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и в година ќе биде организатор на едно младинско првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
МКФ ја доби довербата од ФИБА за организација на јуниорското првенство за мажи (дивизија Б). Првенството ќе се одржува во Скопје во периодот од 27 јули до 5 август.
МКФ извести дека женската кадетска репрезентација ќе се натпреварува на шампионатот што ќе се одржи во Подгорица од 16 до 25 август, а кадетите ќе настапат на Европското првенство (дивизија Б), кое ќе биде организирано во Сараево од 9 до 18 август.
Младите кошаркари до 20 години ќе настапуваат во Софија од 13 јули до 22 јули.