Легендата на Реал Мадрид е непријатно изненаден од најновите случувања во клубот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мадритски Реал изминатиот викенд го доживеа првиот пораз оваа сезона во Ла Лига. „Кралевите“ беа поразени од Еспањол со 2:1, а она што го прикажаа на теренот го разочара Предраг Мијатовиќ.




„Она што се случи против Еспањол беше недопусливо. Беше целосен хаос, ривалот можеше да постигна пет голови. Анчелоти мора да поправи некои работи, мора да го пронајде клучот. Неорганизиранот, слабост и ранливост се трите епитети со кои може да се опише дефанзивата на Реал во овој натпревар“, изјави Мијатовиќ.




Ќе потсетиме, Реал зад себе има една лоша недела затоа што пред поразот од Еспањол беа поразени и молдавскиот Шериф Тираспол во Лигата на шампионите.