Дома Топ вести Мијатовиќ на состанок со Малдини и Бобан: На менито Модриќ и Ловрен

Мијатовиќ на состанок со Малдини и Бобан: На менито Модриќ и Ловрен

Поранешниот легендарен фудбалер и екс спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ утрово пристигна во Милано на состанок со раководството на Милан.

Мијатовиќ заедно со посредници на познатиот агент Владо Лемиќ имаше состанок во „Каса Милан“ со директорите Паоло Малдини и Звонимир Бобан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните денови во Шпанија и Италија се појавија информации дека Милан е заинтересиран за Лука Модриќ, чиј договор со Реал истекува следното лето.

Хрватскиот плејмејкер е во одлични односи со Бобан, но тешко дека може да се поверува за негов трансфер на „Сан Сиро“.

Многу поверојатно на состанокот се разговарало за евентуален трансфер на Дејан Ловрен, кој е на излезна врата од Ливерпул.

„Росонерите“ се во потрага по искусен дефанзивец и сакаат да го донесат Ловрен на едногодишна позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …