Дома Фудбал Мијатовиќ за голот против Јувентус: Ако пиев ракија секогаш кога го гледав ќе бев пијаница (ВИДЕО)

Мијатовиќ за голот против Јувентус: Ако пиев ракија секогаш кога го гледав ќе бев пијаница (ВИДЕО)

Легендарниот Предраг Мијатовиќ имаше големо интервју во кое помеѓу другото зборуваше за неговиот омилен гол во кариерата.

Најомилениот гол во неговата кариера е оној кој го постигна против Јувентус во финалето од Лигата на шампионите во 1998 година. Со тој гол Мијатовиќ влезе во историјата на Реал Мадрид бидејќи на „кралевите“ им ја донесе седмата титула шампион на Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Да пиев ракија секогаш кога го гледав тој гол ќе стане пијаница. Голот прегледав повеќе од 1000 пати. Тој момент засеогаш ќе остане во моето сеќавање, ќе го паметам додека сум жив. Дефинитивно најубавиот момент во кариерата, без сомневање“.

Мијатовиќ во Реал беше успешен и како спортски директор во негово време во Мадрид пристигнаа играчи како Руд Ван Нистерлој, Марсело, Пепе Игуаин…Учесствуваше и во преговорите за доведување на Кристиано Роналдо пред замине од клбуот во 2009 година.

„Можам само да кажам дека тогаш направивме голема работа. Времето најдобро покажа. Составивме тим кој освои две титули во низа. Некои подоцна на Реал му донесоа големи успеси. Навистина сум горд“, призна Мијатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус честиташе, но Ањели брутално одговори на прославата на Интер на 20. Скудето

Јувентус преку социјалните мрежи му ја честиташе титулата на Интер (ТУКА), но поранешниот …