Дома Македонски спорт Мак фудбал Мијалче Прошев е нов координатор на младинската школа на ФК Брегалница

Мијалче Прошев е нов координатор на младинската школа на ФК Брегалница

По крајот на есенскиот дел од сезоната 2021/2022, по меѓусебен договор прекината е соработката на ФК Брегалница со досегашниот координатор на младинската школа, Борче Постолов.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На местото на Постолов за кон координатор на младинската школа на ФК Брегалница е именуван Мијалче Прошев, кој е и тренер на младинскиот тим на „сините“ и повеќе од успешно изминатиов период ги водеше надежите на Брегалница.

„По взаемен договор прекината е соработката со Борче Постолов а на негово место именуван е Мијалче Прошев. Како клуб искажуваме благодарност до Постолов за досегашниот удел во развојот на младите категории во клубот. Веруваме дека Прошев ќе внесе нова свежина во работата со најмладите категории кои се исклучително значење за клубот, посакувајќи му успех во работата“ – вели извршниот директор на ФК Брегалница, Емил Тодев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …