Фудбалерот на Арсенал, Хенрик Михтаријан откри дека не размислувал два пати кога се појавила можност кариерата да ја продолжи во клубот од Лондон.
Одличниот фудбалер во јануарскиот преоден рок од Манчестер Јунајтед се пресели на „Емирати“ во замена за Алексис Санчез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога бев информиран дека постои можност да се преселам од Манчестер Јунајтед во Арсенал, кажав: Да, тоа го сакам! Не размислував два пати, за мене е важно да играм во напаѓачки тим. Не можев да замислам подобар почеток, дојдов во Арсенал бидејќи Венгер го сакаше тоа. Не сакаше бидам замена за Санчез. Ние сме различни играчи, имаме различни способности и таленти. Ќе направам се што можам за овој клуб. Сакам да го запишам своето име во историјата на Арсенал, сакам да станам легенда на клубот“, изјави Михтаријан.
Арсенал вечерва во рамките од Лигата на Европа ја дочекува ЦКСА Москва во првиот натпревар од ¼ финалето во Лигата на Европа. Со евентуално освојување на ова натпреварување, „топчиите“ би избориле пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.