Дома Фудбал Италија Михајловиќ пред дербито: Се надевам нема повторно да бидам навредуван

Михајловиќ пред дербито: Се надевам нема повторно да бидам навредуван

Утрешниот ден во Италија го носи големото градско дерби помеѓу Јувентус и Торино, а тренерот на „биковите“ нема убави сеќавања од последното гостување на неговиот клуб кај големиот ривал.

Ова дерби секогаш е исполнето со голема страст и желба за победа и на едната и на другата страна, но таквите работи некогаш знаат да отидат и предалеку, а Синиша Михајловиќ, се надева дека нема да се повторат сцените од претходното гостување на Торино.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Стадионот на Јувентус е преубав и модерен, на него можете да слушнете се, па минатиот пат можев да слушнам како јас бев навредуван од страна на навивачите на Јувентус, тие не ме навредуваа само мене, туку и мојот народ, се надевам дека е време таквите работи да бидат отстранети од фудбалот“, изјави Михајловиќ.

Михајловиќ исто така беше лут и на судијата од тој натпревар кој не реагираше. Да потсетиме, Михајловиќ беше навредуван со зборовите „Цигански Србине“, всушност Италијаните го користат израдот „Zingaro“.

Кога во прашање е играта на теренот Михајловиќ најави дека неговиот тим ќе игра офанзивно.

„Ќе дадеме се од себе, моите тимови, секогаш играле офанзивно, така ќе биде и овој пат, не се плашиме од Јувентус“, заврши Михајловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…