Дома Фудбал Репрезентации Митровиќ обезбеди победа за Србија, Кипар ја изненади Словенија 🎥

Митровиќ обезбеди победа за Србија, Кипар ја изненади Словенија 🎥

Во терминот од 18:00 часот беа одиграни два натпревари од квалификациите за СП 2022 година.

Херој на Србија беше Александар Митровиќ кој постигна два гола во 16. и 81. минута. За Азербејџан гол постигна Махмудов од пенал во 59 минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Србија ова е втора победа од трите натпревари одиграни натпревари. Покрај денешниот триумф против Азербејџан, Србија славеше и против Ирска, а одигра реми со Португалија.

Во групата Х видовме изненадување.

Кипар со минимални 1:0 ја совлада Словенија и така им направи проблеми на Словенците во борбата за првите две места во групата. Мрежата на Словенија ја погоди Питас во 42. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…