75 илјади навивачи се собраа на „Алијанц Арената“ со цел да ја поздрават легендата на Баерн и германскиот фудбал, Бастијан Швајнштајгер.
Во овој момент тој настапува во САД во тимот за Чикаго, а токму со овој тим одигра пријаелски натпревар против Баерн. Во второто полувреме ги промени страните и последен пат заигра за германскиот гигант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германците славеа победа од 4:0, а еден од погодоците во вториот дел беше дело токму на популарниот Швајни. Во 84 минута со убав удар после уфрлувањето на Алаба го постави конечниот играч. Во вториот дел сите фудбалери на Баерн на грбот го носеа неговиот број 31.
„Јас сум еден од вас и секогаш ќе бидам. Моето минато му припаѓа само на Баерн“, во солзи изјави Швајнштајгер после натпреварот.
За Баерн Германецот одигра 500 натпревари и постигна 68 натпревари. Освои осум титули во Бундес лигата, седум купови, Лига на шампиони и титула светски клупски шампион. Со репрезентаијата на Германија од која се прости во 2016 година го освои Мундијалот во 2014 година.
"Ich bin einer von euch und ich werde immer einer von euch bleiben!" ?@BSchweinsteiger
Gänsehaut, Emotionen, #Fußballgott! Ein Abend für die #FCBayern-Geschichtsbücher. ?#MiaSanMia #ServusBasti #FCBayernTVNews pic.twitter.com/ENNxiRQcYC— FC Bayern München (@FCBayern) August 29, 2018