Дома Фудбал Англија Минатата сезона поради него плукаа по Гвардиола, а сега каде се „критичарите“?!

Минатата сезона поради него плукаа по Гвардиола, а сега каде се „критичарите“?!

Манчестер Сити од пристигнувањето на Пеп Гвардиола потроши многу средства за ангажирање на засилувања во задната линија на тимот.

Го почувствува тоа Гвардиола, дека тука лежи најголемиот проблем во редовите на „Грашаните“, на не штедеше за засилување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Така пред почетокот на неговата прва сезона на клупата на тимот од „Итхад“ во редовите на клубот стигна англискиот интернационалец, Џон Стоунс.

За услугите на младиот стопер на сметката на Евертон легнаа 47,5 милиони фунти, што во тој момент беше втора најголема квота на пари потрошени за еден дефанзивен играч во историјата на фудбалот.

Не се снајде најдобро Стоунс во првата сезона во редовите на Сити, но затоа оваа натпреварувачка година ја подигна формата и го подобри учинокот.

Сити може да се пофали со една од најдобрите одбрани во Европа, примија само четири погодоци во девет одиграни кола во рамки на ПЛ, а Стоунс е моментално најдобриот фудбалер во „петте лиги“ кога е процентот на успешни пасови во прашање.

Тој во 96,7% од случаите додал прецизен пас, што навистина е фантастичен податок за еден дефанзивец, иако рака на срце одигрува само сигурни пасови, кон соиграчите од задната линија, или кон играчите за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…