Дома Фудбал Англија Милнер: Прв пат во животот ќе навивам за Манчестер Јунајтед

Милнер: Прв пат во животот ќе навивам за Манчестер Јунајтед

Утре на Олд Трафорд ќе се одигра големото градско дерби помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Во ова дерби лесно може да се одлучи титулата во ПЛ, со оглед на тоа што утрешниот натпревар ќе ги изедначи Ливерпул и Сити по број на одиграни натпревари оваа сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во случај Граѓаните утре да триумфираат ќе се искачат на првата позиција на табелата со бод повеќе пред Црвените, но во случај на пораз или реми ќе се најде на бод или два зад нив.

Поради тоа, многумина сметаат дека дербито за Манчестер е клучен натпревар во една од највозбудливите сезони во историјата на ПЛ.

Многу играчи на Ливерпул, како и Клоп, се обидуваат да не кажат дека утре со цело срце ќе навиваат за најголемиот ривал, но Џејмс Милнер беше директен по тоа прашање.

„За прв пат во животот ќе навивам за Манчестер Јунајтед. Нема да го гледам натпреварот, но го поддржувам Јунајтед.“ – изјави Милнер и додаде:

„Не можам да направам ништо по тоа прашање. Можеби ќе го исклучам телефонот на два саати и подоцна ќе го проверам резултатот. Немам идеја што да правам во тоа време.“

„Остануваат уште три натпревари. Луѓето мислат дека Јунајтед е единствениот испит до крајот, но не е така. Знам дека тоа е клише, но Премиер лигата е тешка. Со кој и да играте ве чека вистинска борба за победа.“

Џејмс Милнер во својата кариера настапуваше уште за Манчестер Сити и Лидс. И двата клуба се големи ривали на Јунајтед и сигурно дека не му е лесно што утре мора да навива за тимот од Олд Трафорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…