Дома Фудбал Милитао: Ќе го дадам срцето и душата за Реал Мадрид!

Милитао: Ќе го дадам срцето и душата за Реал Мадрид!

Реал Мадрид денес го претстави новото засилување, Едер Милитао, кој простигна од Порто за 50 милиони евра.

21-годишниот дефанзивец беше првото засилување на Зидан во неговата втора епизода во Мадрид, но поради неговото учество на Копа Америка беше претставен денес.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Уште како дете сонував да играм во најголемиот клуб на светот – Реал Мадрид. Многу сум среќен и сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа да стигнам до тука“, изјави Милитао.

„Подготвен сум да го дадам моето срце и душа за клубот, ќе го покажам ова на теренот. Се надевам дека ќе напишам историја овде“, додаде Бразилецот.

„Го поздравуваме еден од најдобрите дефанзивци во светот кои ќе ни помогне да ги исполниме нашите високи цели. Едер, ти си само 21 година и доаѓаш од голем клуб како Порто. Таму го покажав својот талент за да се натпреваруваш на највисоко ниво и да станеш еден од водечките играчи на португалскиот шампионат. За пет последователни месеци, ти беше избран за најдобар дефанзивец во лигата. Сега следи најголемиот предизвик во твојата кариера. Наскоро ќе почувствуваш како е да го носиш дресот на Реал“, истакна Флорентино Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …