Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Ќе мора да дадеме максимум на секој меч

Милевски: Ќе мора да дадеме максимум на секој меч

Македонската фудбалска репрезентација утре против Малта го почнува новиот циклус квалификации за настап на Европското првенство.

Селекторот Милевски ја прифати фаворитската улога,но истакна дека го почитува противникот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Анализите што ги правевме се од нивните четири последни меча, но имаат нов селектор. Имаме квалитетна репрезентација за противник и имаме максимален респект. Сето тоа што ќе се случува утре зависи од нас самите. Ја научивме лекцијата од минатите натпревари и сметам дека сега ќе имаме повеќе успешен старт. Фаворити во денешен фудбал нема. Ќе мора да се даде максимум на секој меч. Малта е во подем, но имаме квалитет на задоволително ниво за да дојдеме до победа”, изјави Милевски.

„Во Лигата на нации имавме проблеми со составот, имавме дури 12 дебитанти тогаш. Ги искористивме да воспоставиме некоја хемија и од собир во собир ја креваме формата. Сето тоа што го работевме изминатата година и пол беше за овие квалификации и се надевам дека ќе почнеме да го покажуваме уште од утре“, додаде селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…