Дома Македонски спорт Мак баскет Милевски: Чурлинов има здравствен проблем, Емини заслужи да добие повик

Милевски: Чурлинов има здравствен проблем, Емини заслужи да добие повик

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина (16. јуни, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, 20:45 часот, Олд Трафорд, Манчестер) (TУКА)

За Бојан Миовски беше познато дека ќе отсуствува поради повреда, а изненади отсуството на Дарко Чурлинов. На прес-конференцијата Милевски објасни дека и Чурлинов се соочувал со здравствен проблем.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Им посакувам брзо опоравување на Чурлинов и Миовски. Дарко и понатаму е во кличничкиот центар во Белград и има здравствени проблеми“.

Дебитант на списокот е Сефер Емини од дански Сондерсјаке.

„Емини заслужи со своите настапи да биде дел од репрезентацијата. Останатите се истите оние кои беа дел и од мартовските квалификации. За жал сме без двајца важни играчи во нападот, но тоа е што е, нема да жалиме. Сите кои се тука се најдобрите што можат да бидат во комбинација за настап“, изјави Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Ун…