Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски го продолжи договорот и најави: Очекувам тежок натпревар, Србија има фантастични фудбалери

Милевски го продолжи договорот и најави: Очекувам тежок натпревар, Србија има фантастични фудбалери

Селекторот на младинската фудбалска селекција на Македонија, Благоја Милиевски на денешната прес конференција потврди дека останува селектор на младите барем уште две години, но и ги најави натпреварите против Србија и Гибралтар.

Македонија веќе ги одмери силите со Србија на Европското првенство 2017, но Милевски истакнува дека на 6 октомври не очекува сосема поинаков натпревар.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Не очекува натпревар против селекцијата која е прв фаворит во нашата група, за овој натпревар единствена промена е што за прв пат во тимот е повикан голманот Душан Ѓоргев и за натпреварите со Србија и Гибралтар на располагање ќе имам тројца голмани. Очекувам навистина тежок натпревар, тие имаат нов селектор но работите не се многу променети, сеуште имаат фантастични фудбалери на располагање“, изјави Милиевски кој како што кажавме го продолжи договорот со младинската селекција на уште две години.

Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев ќе бидат во комбинација за натпреварот против нашиот сосед, но Милевски не ќе може да смета на нив за натпреварот против Гибралтар бидејќи и двајцата се во составот на А селекцијата која ја предводи Игор Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Дени Илиев: Хрватска е многу квалитетна, но ние сме оптимисти

Македонската А репрезентација го оддржа денешниот утрински тренинг на тренинг центарот „Пе…