Дома Фудбал Репрезентации Милевски: Напредуваме, но се уште не сме на нивото на кое што јас сакам да бидеме

Милевски: Напредуваме, но се уште не сме на нивото на кое што јас сакам да бидеме

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ги заврши квалификациите за Европското првенство со реми против Англија од 1:1.

Селекторот Благоја Милевски на конференцијата по натпреварот зборуваше за неговиот период на клупата за кој вели дека селекцијата напредувала, меѓутоа се уште сме далеку од нивото на кое што тој смета дека треба да биде Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во овие две години и четири месеци, не само што напредуваме, туку тоа го правиме истовремено со подмладувањето. Дојдовме до бараж за Мундијал, добивме група која и сам да ја составував потешка тешко дека ќе можев да составам…но, не можам да не бидам задоволен од она што го видов од овие млади момци, а сметам и дека Македонија треба да биде горда затоа што покажаа како треба да се бориш за македонскиот дрес.

Како една наша слабост веќе некое време се прекините од кои често примаме голови.

„Мораме да работиме на тие прекини, меѓутоа но тоа може да се должи и на нивната младост и неискуство, не чека многу работа за да дојдеме во ситуација да биде уште поконкурентни и на едно ниво на кое јас што сакам да бидеме. Далеку сме и од Англија и Италија, против Украина сигурно заслуживме бодови, тука жал ми е што не беше награден трудот на момците.

„Не би сакал да ги коментирам спорните ситуации, затоа што тука се судиите и што тие ќе одлучат наше е да го почитуваме.

Македонија со овој натпревар ги заврши и обврските оваа година, а следни предизвици за фудбалерите ќе бидат натпреварите во Лигата на Нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…