Дома Фудбал Италија Милан ќе се жали на казната за Игуаин

Милан ќе се жали на казната за Игуаин

Дисциплинската комисија на Серија А денес го казни Гонзало Игуаин со два меча суспензија поради црвениот картон добиен на мечот против Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Игуаин доби црвен картон во 83-та минута бидејќи бурно протестираше на одлуката на судијата Мацолени да му покаже жолт картон.

Аргентинецот вербално го нападна судијата и со повисок тон го праша: „Зошто секогаш свириш против мене?“.

Дисциплинската комисија на Серија А денес го казни Игуаин со два меча суспензија, но Милан потврди дека ќе се жали на казната, со надеж дека истата ќе биде намалена на само еден меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мaреска за 100 милиони евра го доведува “чудото од дете”!

Манчестер Сити е блиску до реализација на голем трансфер и доведување на еден од најталент…