Дома Топ вести Милан ја сака „отпишаната“ ѕвезда на Реал Мадрид

Милан ја сака „отпишаната“ ѕвезда на Реал Мадрид

Шпанскиот плејмејкер, Дани Себаљос ја исклучи можноста да остане во Арсенал и ова лето ќе се врати во Реал Мадрид.

Креативниот играч за врска стигна пред две сезони во Арсенал, а после едногодишната позајмица истата беше продолжена за уште толку.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Себаљос не се снајде најдобро во Премиер лигата, а јасно е дека за него нема повеќе место во Реал Мадрид.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го донесе на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ се во потрага по квалитетен играч за врска и веруваат дека Себаљос одлично ќе се вклопи во формацијата на Пиоли.

Милан е во одлични односи со Реал Мадрид и медиумите се оптимисти дека двата клуба лесно ќе најдат заеднички јазик за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …