Дома Топ вести Милан ја купува новата ѕвезда на Салцбург

Милан ја купува новата ѕвезда на Салцбург

Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Халанд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Друг фудбалер на австрискиот тим кој го привлече вниманието на многу европски гиганти е играчот за врска Доминик Собослај.

19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со младиот играч за врска.

„Вистина е дека преговарам со Милан. Тоа е се што можам да кажам, ќе видиме што ќе се случи ова лето“, изјави Собислај.

Собоцлај е голема желба на Ралф Рагник, кој најверојатно ќе биде нов тренер на „росонерите“ следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…