Дома Топ вести Милан тргнува по Лука Јовиќ

Милан тргнува по Лука Јовиќ

Не е тајна дека Милан е во напредни преговори за враќање на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“, но „росонерите“ имаат и план Б.

Милан достави понуда до агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола, но се уште се чека одговор на шведскиот голгетер.

Наводно Ибра има понуда и од Евертон, па се уште не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата, а тоа ги натера „росонерите“ да го активираат „планот Б“.

Станува збор за напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој не добива шанса кај Зидан, иако ова лето пристигна во Мадрид за 60 милиони евра.

Првичната идеја на Милан  е позајмица на шест месеци, а на лето „кралевите“ и „росонерите“ да разговараат за целосен откуп на неговиот договор. Италијанскиот клуб има проблем во нападот и сметаат дека Јовиќ може да биде решение на нивните проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…