Дома Топ вести Милан спреми понуда за уште еден играч на Челзи

Милан спреми понуда за уште еден играч на Челзи

Хаким Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Зијех до сега не успеа да го покаже својот квалитет, а новиот тренер Томас Тухел не смета сериозно на него.

Таквата ситуација сакаат да ја искористи италијанскиот гигант Милан, кој во Зијех гледа идеален наследник за Чалханоглу.

27-годишниот плејмејкер е голема желба на „росонерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Челзи е спремен да го пушти, но за неговата слобода бара 30 милиони евра. Од друга страна Милан сака да го донесе на едногодишна позајмица со право на откуп.

Двата клуба се во одлични односи и Милан ова лето веќе се засили со двајца фудбалери на Челзи, Томори и Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…