Дома Фудбал Милан спреми нов договор за Чалханоглу

Милан спреми нов договор за Чалханоглу

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Хакан Чалханоглу.

Тренерот Пиоли му ја најде вистинската позиција на теренот, па Чалханоглу конечно го покажа својот потенцијал.

Неговиот договор со Милан истекува следното лето, но „росонерите“ сакаат да го задржат по секоја цена, па веќе спремија нов договор.

Малдини веќе имал средба со агентот на турскиот репрезентативец и му понудил нов тригодишен договор тежок 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Самиот фудбалер сака да остане во Милано, па се очекува во наредните денови да стави потпис на новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…