Раководството на Милан започна преговори за продолжување на договорот на младата ѕвезда Патрик Кутроне, пренесуваат италијанските медиуми.
20-годишниот напаѓач игра фантастична сезона во дресот на „росонерите“, иако до неодамна играше со младинскиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кутроне е најголемо откритие оваа сезона во Серија А и со 13 погодоци е прв стрелец за „росонерите“.
Медиумите на Апенините пренесуваат дека раководството на Милан спремило нов договор како награда за добрите игри.
Иако во летото го потпиша првиот професионален договор со Милан до 2021 година, сега ќе добие значително зголемување на платата.