Дома Фудбал Италија Милан се „пазари“ со УЕФА: Спремен една година да не игра во Европа

Милан се „пазари“ со УЕФА: Спремен една година да не игра во Европа

Италијанскиот гигант Милан има проблеми со прекршувањето на финансискиот ферплеј (ФФП), па медиумите тврдат дека ќе се обиде да се „испазари“ со УЕФА.

Имено, „росонерите“ започнале преговори со Европската централа и ќе се согласат да паузираат една година од европскиот фудбал, но под услов ако не успее да се пласира во Лигата на Шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Росонерите“ првично беа исклучени од турнирите на УЕФА за сезоната 2018/2019, но поднесоа жалба пред спортскиот арбитражен суд во Лозана и во последен момент добија позитивен одговор. Сепак, нивното учество во Лигата на Европа заврши неславно со елиминација во групната фаза.

Според последната одлука на УЕФА, Милан доби парична казна во износ од 12 милиони евра, ограничена група од 21 играчи за европските натпреварувања и исклучување од турнирите на УЕФА за период од 1 година, ако финансиите не бидат балансирани до 2021 година. Милан не верува дека тие можат да го постигнат последното во рамките на утврдениот рок, па поради тоа е спремен на „џентлменски договор“ со УЕФА.

„Кориере дело спорт“ тврди дека ако „росонерите“ не се пласираат во Лигата на Шампионите, тимот ќе прифати 1-годишна казна како дел од договорот со УЕФА. „Росонерите“ немаат интерес да играат повторно во Лига Европа, за да можат да ги концентрираат да обезбедат пласман во ЛШ во наредната сезона.

Милан моментално е на 5-то место со три бода помалку од Аталанта која вечерва му гостува на Јувентус. Во случај на ист број бодови, „росонерите“ ќе бидат пред Аталанта поради подобриот меѓусебен дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…