Дома Фудбал Италија Милан против Тотенхем постави рекорд во италијанскиот фудбал

Милан против Тотенхем постави рекорд во италијанскиот фудбал

Италијанскиот шампион Милан синоќа славеше против Тотенхем со 1-0 , а на „Сан Сиро“ беа присутни дури 74.000 гледачи и тоа е нов италијански рекорд за посетеност на европски натпревар.

Милан од билетите заработил дури девет милиони евра, а тоа е одлично за италијанската екипа која ќе го дополни буџетот.

„Росонерите“ триумфираа со 1-0, па ги чека тежок реванш во Лондон, меѓутоа желбата е да го поминат осминафиналето со што би избориле место во следното коло, а со тоа ќе имаат и нова голема заработка од билетите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фабио Борини се повлекува од фудбалот на 35 години

Поранешниот италијански репрезентативец Фабио Борини објави дека ја завршува својата фудба…