Дома Фудбал Италија Милан против Болоња го брка последниот воз за ЛШ!

Милан против Болоња го брка последниот воз за ЛШ!

Последниот натпревар од 35-то коло на италијанската Серија А се игра на Сан Сиро каде што Милан ја дочекува екипата на Болоња. Натпреварот е закажан во 20:30 часот.

Милан: Лоша сезона за Росонерите!

Сигурно е дека сите очекуваа подобра сезона од фудбалерите на Милан, но нажалост ситуацијата е таква што оваа екипа моментално се наоѓа на 7-то место кое на крајот на сезона не носи пласман во европската елита. Долго време Милан беше на 4-то место, но некако како да навлегоа во криза и не зедоа бодови од екипите како што се Парма, Удинезе итн. Во минатото коло изиграа многу лош натпревар на гостувањето кај Торино, а тоа дополнително ги оддалечи од четвртото место. Поради сето ова, Гатузо во овој натпревар влегува со императив победа, иако тоа нема да биде лесна задача.

Болоња: Синиша Михајловиќ го „прероди“ овој клуб!


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Болоња имаше доста проблеми во поголемиот дел од сезоната и долго се наоѓаа на позиција која водеше во втората Серија Б лига. Крај на таа лоша ера стави српскиот експерт Синиша Михајловиќ кој придонесе доста, а на тој начин го оддалечи клубот од црвената зона. Токму поради одличните партии на домашен терен, оваа екипа ќе ја гледаме повторно во Серија А иако тоа математички не е потврдено, но на добар пат се да ја остварат таа цел. Како и да е, очекувањата на Болоња за овој дуел се минимални.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Киелини пред враќање во Јувентус?

Легендарниот Џорџо Киелини се враќа во Јувентус и на оваа тема се пишува прилично многу ов…