Претседателот на Милан, Паоло Скарони изјави дека после долги години италијаскиот гигант ќе ја заврши сезоната со финансиски плус.
Милан изминатите години го промени начинот на работа, ги избалансира трошоците за плати, а значително ги зголеми приходите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во изминатите три години „росонерите“ го намалија минусот од 200 милиони евра на 50 милиони, а сега ќе ја завршат финансиската година со добивка.
„Можеме да бидеме многу задоволни од спортските резултати, но и од економските резултати, кои исто така почнуваат да ни даваат задоволство. Јас сметам дека ако не постигнеш економски резултати, тешко е да се постигнат спортски“.
„Оваа година ќе ја завршиме во плус, бидејќи многу ни се зголемија приходите, особено во последната година. Нашите приходи постојано растат, па оваа година ќе ја завршиме со добивка. Последен пат Милан заврши со финансиски плус во 2006 година“, изјави Скарони.