Остануваат уште некои детали да се дефинираат, но во основа веќе се знае кој ќе биде новиот тренер на Милан.
Стефано Пиоли на крајот на сезоната ќе го напушти седумкратниот европски првак, а извесно е дека ќе го наследи Хулен Лопетеги, поранешен селектор на Шпанија и тренер на Реал Мадрид, Севиља, Вулверхемптон…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело спорт“ пишува дека „Росонерите“ постигнале договор со Лопетеги, кој ќе потпише тригодишен договор и ќе заработува 4.000.000 евра по сезона.
Лопетеги наводно ја оставил на страна понудата на Вест Хем поради Милан, а се чека само потврда дека тој ќе го води тимот од „Сан Сиро“ во следната сезона.
Милан го освои Скудетото во 2022 година со Пиоли како тренер, а оваа сезона е втор во поредокот, далеку зад новиот шампион Интер.
Минатата сезона Милан стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде беше поразен од градскиот ривал Интер.