Дома Топ вести Милан носи две големи засилувања од Мадрид и Лондон!

Милан носи две големи засилувања од Мадрид и Лондон!

Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ ќе имаат голем буџет за трансфери во зимскиот преоден рок и веќе прават список на можни засилувања.

Првото големо засилување би трабало да пристигне од Челзи, а станува збор за бразилскиот репрезентативец Оскар, кој не добива голема минутажа кај Конте.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан е спремен да понуди 35 милиони евра за неговиот потпис, а медиумите тврдат дека Челзи е спремен да ја прифати понудата.

Другото големо засилување би требало да пристигне во одбраната, а најголема желба на кинеските инвеститори е Диего Годин од Атлетико Мадрид. Уругваецот би требало да биде идеален партнер на Ромањоли, кој моментално е еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Трансферот тешко дека може да се оствари во јануари, но Милан е спремен следното лето да ја активира откупната клаузула во договорот на Годин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…