Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан не се отлажува од идејата да го донесе Антонио Конте на кормилото на „росонерите“.
Претставниците на „росонерите“ се во контакт со менаџерот на Челзи уште од ноември и се надеваат дека ќе постигнат договор со стратегот доколку реши да го напушти Лондон.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се почести се шпекулациите дека Конте на крајот на сезоната ќе го напушти Челзи, а Милан сака да ја победи конкуренцијата и што е можно поскоро да постигне договор со Италијанецот.
Милан ја започна сезоната со Винченцо Монтела на кормилото, но по серијата лоши резултати тој беше отпуштен. Привремениот тренер Џенаро Гатузо остварува одлични резултати, па не е исклучена можноста да остане на клупата на „росонерите“.
„Калчомеркато“ тврди дека Гатузо ќе остане на „Сан Сиро“ само доколку раководството не успее да го донесе Антонио Конте.