Дома Топ вести Милан не запира – капитенот на Лацио пристигнува на „Сан Сиро“

Милан не запира – капитенот на Лацио пристигнува на „Сан Сиро“

Милан е далеку најактивен клуб во летниот трансфер период, а италијанските медиуми денес потврдија дека клубот од „Сан Сиро“ договори уште еден голем трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После Матео Мусакио и Франк Кесие, „росонерите“ го договорија трансферот на капитенот на Лацио, Лукас Биглиа.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“ Милан за неговиот потпис ќе плати 18 милиони евра, а играчот ќе потпише тригодишен договор вреден 2,5 милиони евра плус бонуси.

Во наредните денови се очекува аргентинскиот репезентативец да пристигне во Милано на прегледи и официјално да стане играч на Милан.

Со доаѓањето на Кесие и Биглија „росонерите“ значително ќе го засилат средниот ред, па ќе се ориентираат на нападот каде главна мета е Алваро Мората од Реал Мадрид.

Трансферот на Рикардо Родригез од Волфсбург е практично договорен, а Милан е во потрага и по крилен напаѓач, на радарот се Кеита Балде од Лацио и Папу Гомез од Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…