Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан на почетокот на 2020 година и тоа беше полн погодок за „росонерите“.
Иако веќе има 39 години Ибрахимовиќ и понатаму игра во неверојатна форма и е еден од најдобрите играчи на Милан. Прво потпиша договор на половина година, но откако беше одличен во вториот дел од сезоната клубот му понуди соработка и за оваа сезона, Златан прифати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шведскиот напаѓач и сезонава е одличен, а доказ за тоа е и неговото враќање во репрезентацијата на Шведска.
Ибрахимовиќ има договор до крајот на сезоната, но „росонерите“ веќе му понудиле нов договор до летото 2022 година.
Како што стојат работите се е завршено, тоа го пренесуваат најголемите италијански медиуми, а и последната објава на Милан на социјалните мрежи е најава за такво нешто.
What’Z happening? ⏳ #SempreMilan #ReadyToUnleash pic.twitter.com/RnQOgDOkhs
— AC Milan (@acmilan) April 22, 2021